ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ричард Хендрикс не мрда од Јапонија

Ричард Хендрикс не мрда од Јапонија

сподели

Македонскиот репрезентативец и во новата сезона ќе биде член на својот досегашен клуб Албирекс Ниигата.

Тој го продолжи договорот со екипата која пред прекинот на првенството поради корона вирусот, се наоѓаше на четвртата позиција во Централната конференција. Ричард Хендрикс имаше дабл-дабл ефект, со просек од 15,7 поени и 10,4 скока по натпревар.

Поради семејни проблеми, Американецот со македонски пасош ги прескокна квалификациските дуели зз Евробаскетот, против Естонија и Русија кои се одиграа во февруари.