ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Решена мистеријата – кои биле всушност студентите на мечот на МЗТ?

Решена мистеријата – кои биле всушност студентите на мечот на МЗТ?

сподели

Откако добивме информација дека тоа се студенти на ФФОСЗ, утринава на наша адреса стигна исправка дека тоа всушност биле студенти на Медицинскиот, Земјоделскиот факултет и ПМФ кои биле присутни на дуелот од 10-то коло од АБА2 лигата, со цел да добијат потпис.

На оние што име недостасувале часови по предметот физичко образование, можеле да ги надокнадат со присуство на мечевите на македонскиот шампион. И ова е нешто и иницијатива за поздравување, да се насочат младите кон следење спорт, што нема да им биде штетно по ниеден основ.

Сепак, повторно стоиме на ставот дека некогаш ние бегавме од часови и добивавме неоправдани, да ги гледаме Реал Мадрид, Загреб, дерби средбите со Работнички, со Кочани, се одеше до Велес по пругата за да се гледа дуел со Жито Вардар… Тоа беа времиња, тие спомени будат морници…