ПОЧЕТНА ЕВРОПА Репризата на финалето заврши со идентичен исход

Репризата на финалето заврши со идентичен исход

сподели
euroleague.net

Валенсија ја потврди одличната форма со триумфот против АЛБА во 17-та Евролига рунда, со 91:77, во соочуањето што не потсети на минатосезонскиот последен натпревар во второрангираното натпреварување на УЛЕБ – Еврокупот.

Валенсија има 8/9, го преживеа катастрофалниот старт 0/5 на почетокот на сезоната, а АЛБА има 5/12. Абалде постигна 16 поени, Дубљевиќ имаше 10 поени за шпанската екипа. Ериксон беше првото име на гостинската екипа со 14 поени.