ПОЧЕТНА ЕВРОПА Рекордите на Дончиќ заминаа во историјата, Реал има нова млада ѕвезда!

Рекордите на Дончиќ заминаа во историјата, Реал има нова млада ѕвезда!

сподели
фото: Marca

Успесите во АЦБ и Евролигата, најтрофејниот шпански клуб ги искористи за постојано да промовира млади играчи во својот состав.

Лука Дончиќ е веќе НБА ѕвезда, во првиот тим е српскиот кошаркар Марио Накиќ за кого многумина велат дека е најдобар во својата генерација, а по нивниот пат веќе тргна 17-годишниот Усман Гаруба. На натпреварот против Мурсија тој беше стартер, на теренот помина 22 минути и за тоа време собори рекорди кои досега беа во сопственост на Дончиќ.

Постигна 13 поени и 10 скока и со тоа стана најмладиот играч во историјата на АЦБ лигата со дабл-дабл. Претходно рекордот го држеше Дончиќ со 18 години и 2 месеца. Освен тоа, Гаруба стана најмлад играч со барем 10 скока на еден натпревар и во таа статистичка категорија повторно го помина Словенецот кој веќе имаше 18 години кога го оствари тоа.

Кошаркарот кој игра за младинските селекции на Шпанија, но по потекло е од Нигерија, стана и втор најмлад играч во АЦБ лигата, зад Рики Рубио, кој постигнал најмалку 24 поени на официјален натпревар.

Куриозитет е тоа што иако само 17-годишен, крилниот играч имаше дури четири забивања на натпреварот со Мурсија.

Летово Гаруба учествуваше на Европското јуниорско првенство во Грција каде ја освои титулата со шпанската репрезентација, а тој влезе во идеалната петорка на шампионатот.