ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Рекорд на кариерата на Дончиќ, но недоволно за победа на Далас

(ВИДЕО) Рекорд на кариерата на Дончиќ, но недоволно за победа на Далас

сподели

Една од најголемите европски кошаркарски ѕвезди во моментов имаше уште една ноќ за паметење во НБА лигата, но само на индивидуален план.

Далас доживеа непријатно изненадување од еден од најслабите тимови во лигата – Њујорк Никс и на домашен терен загуби со 102:106. Поради тоа остана во сенка одличниот настап на Лука Дончиќ кој постигна рекордни во кариерата 38 поени, плус 14 скока и 10 асистенции.

Маверикс со тоа испуштија можност да се качат на третото место на табелата во Западната конференција и сега на плеј-оф границата со биланс од пет победи и три порази.