ПОЧЕТНА ЕВРОПА Реконструкција во Барса – си одат уште двајца

Реконструкција во Барса – си одат уште двајца

сподели

Откако со најскапиот тим во Европа не успеа да освои ниеден трофеј во штотуку завршената сезона, Барселона се подготвува речиси целосно да го промени тимот.

Веќе си замина тренерот Светислав Пешиќ и капитенот Анте Томиќ, а на сличен чекор се подготвуваат уште двајца: Пау Рибас и Кевин Пенгос. Шпанскиот репрезентативец го носеше дресот на Барса од 2015 година, а си заминува една сезона пред истекот на договорот. Канаѓанецот беше член на тимот последните две години, но не успеа да ја достигне формата од Жалгирис.

Интересно е тоа што Пенгос си оди иако нов тренер на Барселона е Шарунас Јасикевичиус кој му беше „шеф“ во двете сезони поминати во Жалгирис и со кого имаше одлична соработка.

Рибас најверојатно ќе се врати во Хувентут каде ја започна својата професионална кариера.