ПОЧЕТНА ЕВРОПА РЕД БУЛ ТРИНКИЕРИ: Енергија, енергија, енергија!

РЕД БУЛ ТРИНКИЕРИ: Енергија, енергија, енергија!

сподели
фото: aba-liga.com, Cibona, Zeljko Baksaj

Тренерот на Партизан беше видно задоволен од триумфот на неговата екипа во Суперкупот на АБА, каде редоследно пред налетот на црно-белите паднаа Мега Бемакс, Приморска и Цедевита Олимпија.

„Првпат во мојата кариера ќе толерирам грешки, но само ако за возврат добивам енергија. Иако не сме во првите 8 екипи во Европа каде можеш да ги бираш најдобрите играчи што се на располагање, тогаш мора да се бира најдоброто за себе.

фото: aba-liga.com, Cibona, Zeljko Baksaj

Јас ги сакам овие играчи и оваа екипа и јасно ни е како треба да играме. Енергија, енергија, енергија.“ – беа зборовите на италијанскиот стратег, Андреа Тринкиери.