ПОЧЕТНА ЕВРОПА Реал настрада како германската војска

Реал настрада како германската војска

сподели
euroleague.net

Победничката серија на најтрофејниот европски клуб заврши таму каде што се насука и германската војна во Втората светска војна. Руската престолнина повторно се покажа неосвоива, па Реал Мадрид загуби по 13 победи во низа во Евролигата.

ЦСКА триумфираше со 60:55 иако шпанскиот шампион во првото полувреме имаше и 12 поени предност. Клучна беше низата од пет поени на домашниот тим во финишот од мечот со кој го скрши отпорот на Реал.

Мајк Џејмс беше најефикасен со 19 поени, а во екипата на Реал, Треј Томпкинс реализира 14. Со овој пораз Шпанците го загубија првото место во Евролигата и му го препуштија на Анадолу Ефес кој има една победа повеќе.