ПОЧЕТНА ЕВРОПА Реал ја почнува авантурата од 63.000 километри

Реал ја почнува авантурата од 63.000 километри

сподели

Дербито на третото коло се игра во Каунас каде Жалгирис го пречекува најтрофејниот клуб во Евролигата со десет трофеи.

Натпреварот ќе се игра во Жалгирио арена, отворена пред осум години за Европското првенство кое нам ни е во прекрасно сеќавање, а тоа ќе биде прво гостување за Реал Мадрид во новата сезона од елитното натпреварување.

Со него почнува серијата патувања за кошаркарите на шпанскиот гигант кои сезонава ќе поминат околу 63 илјади километри за да ги одиграат своите натпревари во Евролигата. Згуснатиот распоред во елитната европска лига која од оваа сезона брои 18 екипи, односно две патувања повеќе, ги принуди клубовите да обезбедат свои авиони, купени или изнајмени, со цел да оптимизира времето што играчите ќе го поминат на пат, на тренинзи, на нивна рекуперација, но и за семејствата.

Реал имаше среќа бидејќи „паметниот распоред“ му овозможи 16 патувања иако има гостувања кај 17 екипи. ЦСКА и Химки ќе бидат поминати на еден трошок затоа што кај нив Реал ќе игра на 14-ти и 16-ти јануари. Најдолгото патување на Реал ќе биде кај Макаби во Тел Авив и изнесува 3.500 километри. Најблиску се оние во Шпанија, кај Барселона, Басконија и Валенсија. Тука не се вклучени патувањата во домашното првенство и во евентуалниот плеј-оф.

Има екипи кои ќе поминат и повеќе од овие 63 илјади километри, особено оние кои немаат ривали од домашните првенства во Евролигата.