ПОЧЕТНА ЕВРОПА Реал издржа против Фенер за тешка, но слатка прва победа сезонава

Реал издржа против Фенер за тешка, но слатка прва победа сезонава

сподели
фото: Real Madrid

Мадридската екипа го диктираше натпреварот и на крајот успеа да се одржи во позитива, иако гостите стигнаа на нерешено (73:73), за конечна победа од 81:77 во премиерното елитно коло од новата сезона. Де Коло ја загуби клучната топка од Рендолф, а Дек ги постигна клучните поени по асистенција на Кампацо.

Факундо Кампацо повторно имаше партија во негов стил, постигнувајќи тројки од секакви позиции, регистрирајќи 14 поени со 8 асистенции, а го следеа Тејлор со 20 поени, Рендолф со 15 и Фернандез со 10. Кај поразените, Де Коло имаше 22 поена, а Вилијамс 19 со 10 скока.