ПОЧЕТНА Европски лиги Реал и натаму владее во Шпанија

Реал и натаму владее во Шпанија

сподели
Фото: RODOLFO MOLINA/DAILY AS

Најтрофејниот европски кошаркарски колектив ја освои 35-татата шампионска титула во АЦБ лигата, четврта во последните пет години.

Во четвртиот натпревар од финалната серија ја победи Барселона со 68:74 за вкупно 3:1 и потврда на доминацијата во домашниот шампионат.

Одличното колективно издание на Реал го предводеше Факундо Кампацо кој постигна 15 поени, 9 скока и 6 асистенции, но честитки заслужува и Валтер Таварес кој оствари дабл-дабл со 10 поени и 13 скока.

Кевин Пенгос постигна 16 поени за Барселона која никако не може да му парира на Реал последните пет години. Титулата не ја освоила од 2014 година, а оваа сезона барем се врати во големото финале по пауза од три години.