ПОЧЕТНА ЕВРОПА Реал и Барса нижат милионски загуби (и) во кошарката

Реал и Барса нижат милионски загуби (и) во кошарката

сподели
фото: FC Barcelona

Освен во фудбалот каде работат нерентабилно со години, но сепак царуваат во елитните натпреварувања, баскет секциите на двата гиганта чекорат по истите финансиски патеки. Заедно, каталонскиот и клубот од престолнината ќе забележат енормни 60 милиони евра загуба на крајот на сеозната 2019/20.

Барса се утепа купувајќи играчи од каде стигне, а без оперативните трошоци, само за плати ќе потроши 32.9 милиони евра. Дефицитот е прогнозиран на 32.3 милиони евра. Реал на плати ќе потроши 27.9, а ќе има загуба од 25 милиони. Заедничкиот приход ќе биде 25 милиони евра, прогнозира Палко 23.