ПОЧЕТНА Некатегоризирана Реал без машината за тројки во дербито од Евролигата

Реал без машината за тројки во дербито од Евролигата

сподели
Моментот од тешкиот пад на Керол кој предизвика повреда на вратот и главата

Елитното европско кошаркарско натпреварување почнува неделава, а неговиот најчест освојувач ќе биде без еден од своите најискусни и најважни кошаркари.

Џејси Керол се повреди на дуелот против Мурсија и нема да игра против Фенербахче на 3 октомври на домашен терен. На него стартуваше противничкиот играч Рафа Лус кој подоцна преку медиумите се обиде да му се извини на Американецот со азербејџански пасош.

Бекот има повреда на вратот и удар на главата и ќе мора да паузира неколку дена поради што ќе го пропушти дербито со Фенер. Минатата сезона во Евролигата тој просечно постигнуваше по 9,1 поени, 1,1 скока и 0,5 асистенции по натпревар.