ПОЧЕТНА ЕВРОПА Реал беше силен, сега ќе биде уште посилен

Реал беше силен, сега ќе биде уште посилен

сподели

Актуелниот шпански првак има уште еден екс НБА играч во своите редови со кои не што ќе остане најголем фаворит за титулата во домашното првенство, туку и меѓу првите во Евролигата.

Тунискиот репрезентативец Салах Межри се врати во редовите на Реал Мадрид по четирите сезони помина во Далас Маверикс каде не се истакна многу, но собра големо искуство. Одигра вкупно 204 натпревари во најсилната светската кошаркарска лига, со просек од 3,4 поени и 4 скока по натпревар.

Дека, сепак, не е тоа само негова вина покажа на неодамнешното Светско првенство во Кина каде за својот национален тим имаше учинок од над 16 поени и 10 скока.

Межри играше во Реал од 2013 до 2015 година и во тие две сезони освои два Купа на Шпанија и по една титула во првенството и Евролигата. Беше дел од историскиот тим на Пабло Ласо кој во 2015 сезоната 2014/15 ги обедини сите трофеи.

Неговото присуство треба дополнително да го засили Реал под кошевите каде е Валтер Таварес. Ласо има сомнеж во другите кошаркари затоа што Фелипе Рејес е на залез (39 години), а Усман Гаруба на почетокот (17 години) на својата професионална кариера. Реал повторно ќе го има највисокиот центарски тандем во Европа бидејќи Таварес е висок 221, а Межри 218 сантиметри.