ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА РЕАКЦИЈА НА ГРУПА ТРЕНЕРИ: Зошто немаме лиценца?

РЕАКЦИЈА НА ГРУПА ТРЕНЕРИ: Зошто немаме лиценца?

сподели

14 македонски тренери реагираат и бараат објаснување зошто не им се издадени лиценци.

Потпишаните на петицијата, свикуваат итен состанок со претставници на тренерската организација и на МКФ.

Соопштението ви го пренесуваме во целост.

Почитувани,

Ние, како група тренери од македонската кошарка, кои што немаме лиценца поради какви било причини, бараме итен состанок со МКФ и со претставници на македонската кошаркарска тренерска организација и притоа сакаме да дознаеме:

1. Кој е одговорен за издавање на лиценцата?
2. Зошто не бевме известени за датумот на тренерскиот семинар?
3. Кој е критериумот за издавање на лиценца?

Аплицирајте веднаш за

Во соопштението, понатаму се вели, дека на списокот непознати има и многу други прашања.

Групата очекува она што не и е јасно, да и биде разјаснето од страна на членовите на тренерската организација и од МКФ.

Како заеднички термин за итниот состанок го избравме терминот 31.10.2018 во 12:00 часот во просториите на МКФ.

На состанокот се повикани и сите други тренери, кои што немаат лиценца.

Иницијатори:

Перо Стамески
Павле Николов
Марко Докузовски
Златко Зетов
Атанас Манев
Диме Баснарков
Атанас Димов
Перо Настев
Васко Атанасов
Апостоли Апостолов
Сашо Лазаров
Игор Бачев
Горан Иванчев
Николче Николовски