ПОЧЕТНА Некатегоризирана Разочарување од докторите: Дурант никогаш повеќе нема да биде истиот!

Разочарување од докторите: Дурант никогаш повеќе нема да биде истиот!

сподели
AFP

Тешката повреда на Ахиловата тетива ќе има огромно влијание на натамошниот дел од кариерата на еден од најдобрите кошаркари на денешнината.

Сите доктори-специјалисти за вакви повреди се едногласни во своите заклучоци: Кевин Дурант никогаш повеќе нема да биде оној што го знаевме досега. Крилниот играч има 30 години, во септември ќе наполни 31, а кога ќе се врати на кошаркарските терени ќе има 32 бидејќи му претстои долга пауза.

„Многу веројатно ова ќе биде голем чекор назад во неговата кариера. Сите студии за вакви повреди покажуваат пад на продуктивноста на спортистите бидејќи влијаат на нивната експлозивност, скокот и движењата за кои е неопходна здрава Ахилова тетива“, смета Џеф Стотс, експерт за вакви повреди.

Со слични проблеми во своите кариеро се соочија Коби Брајант, Чонси Билапс, Брендон Џенингс, Елтон Бренд итн. и за сите тоа беше почеток на крајот.

„Дурант никогаш повеќе нема да биде играч за 82 натпревара во сезона. Може да игра со паузи, со помала минутажа, со помалку натпревари.

Неговите квалитети се неспорни, тој ја има кошарката во мал прст, но ќе мора тоа да го покаже во, на пример, 28 минути бидејќи не може да игра повеќе во континуитет“, додава кондициски тренер на една НБА екипа во анализата на Bleacher report.

Меѓу другото, Дурант има историја на повреди на екстремитетите поради кои во кариерата пропушти 103 натпревари во регуларен дел од сезоната низ кариерата. Тука влегуваат фрактури на стапала, истегнување, односно виткање зглобови, истегнување на лигаменти на колено итн. Студиите покажуваат дека подобро за него е да паузира 12 месеци пред да се врати на кошаркарските терени.