ПОЧЕТНА Некатегоризирана Разочарувачки вести за Партизан од Литванија

Разочарувачки вести за Партизан од Литванија

сподели
фото: Partizan NIS

Специјалната покана за учество во Евролигата за претстојната сезона ќе ја добие учесникот во ВТБ лигата, Зенит.

Информацијата е неофицијална бидејќи ја објави литванскиот новинар Ерикас Кирвелаитис и треба да добие потврда од кошаркарската организација. Наводно, тоа треба да се случи на 27-ми јуни и ако е точно, Русија ќе има три претставника во Евролигата, покрај ЦСКА и Химки.

Зенит ионака беше еден од главните кандидати за т.н. „вајлд-карта“, но на неа најмногу се надеваше Партизан кој тука гледаше шанса за враќање во Евролигата која претстојната сезона ќе биде проширена на 18 клуба.

Покрај Партизан, за поканата се бореа уште УНИКС, Лиетувос Ритас, Бешикташ, Будуќност и Дарушафака.