ПОЧЕТНА ЕВРОПА Растур-систем во Мадрид, Реал ја демонстрира својата моќ

Растур-систем во Мадрид, Реал ја демонстрира својата моќ

сподели

Актуелниот шампион на Шпанија ја продолжи победничката серија во домашното првенство во кое нема пораз веќе 16 натпревари или речиси три месеци (од 24 март).

Во првиот меч од финалето Реал ја совлада Барселона со 87:67 потврдувајќи дека во моментов е без конкуренција во домашниот шампионат и дека ќе биде многу тешко да му се одземе круната.

„Каталонците“ во ниеден момент не беа рамноправен ривал, Реал почна со 9:0, а најблиску до нив гостите беа пред крајот на првиот период (14:13). По една серија од 8:0 беше 27:17, а до крајот на мечот Барса само еднаш се спушти на едновифрена негатива (63:54).

Следуваа 11 поени по ред на домашната екипа за нова убедлива предност и крај на сите надежи на противничкиот тим.

Факундо Кампацо со 19 поени беше најефикасен во победничката екипа, Рендолф, Љуљ и Тејлор постигнаа по 11. Ертел го предводеше гостинскиот тим со 14 поени.

Историјата во шпанското првенство го фаворизира Реал Мадрид бидејќи во 19 од последните 21 случај, откако се игра во финална серија „подобар до 3“, победувал тимот кој победил на првиот меч.

Сепак, Барселона си има свои сметки и може да се повикува на тоа што е една од двете екипи кои успеале да ја освојат титулата откако го загубиле првиот меч. Тоа се случи во 2014 година кога каталонскиот клуб ја освои последната титула во домашното првенство.