ПОЧЕТНА ЕВРОПА Растур-систем на аеродромски начин

Растур-систем на аеродромски начин

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Ветувачки прв натпревар одигра македонскиот шампион на стартот од АБА 2 лигата (110:88) во која сезонава има највисоки амбиции.

Слобода не е од рангот на најдобрите во оваа конкуренција, но против кого било да се постигне троцифрен број поени е големо достигнување.

фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

МЗТ Скопје го диктираше темпото, Ѓорѓи Кочов можеше да си дозволи да им даде шанса и на најмладите да ја почувствуваат атмосферата.

Најефикасен беше Нуни Омот со 33 поени, Дамјан Стојановски додаде 16, а вкупно шестмина кошаркари на МЗТ Скопје завршија со двоцифрен поентерски ефект.