ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Раководството на КФСМ ја посети Женева, оствари средби со високите претставници

Раководството на КФСМ ја посети Женева, оствари средби со високите претставници

сподели
КФСМ

На чело со претседателот Перо Антиќ, тричлената делегација во која што се генералниот секретар Владимир Георгиевски и спортскиот директор Тодор Гечевски, нашите претставници го посетија седиштето на ФИБА.

Освен средбата со генералниот секретар Андреас Заглис, македонската чета се сретнала и со други функционери од Куќата на кошарката, а цел на посетата се разговори за унапредување на кошарката во нашата земја.

Пред доаѓањето на функцијата прв човек на КФСМ, Антиќ вети дека ќе стори се и дека ќе ги искористи сите конекции што ги има, да го унапреди овој наш некогаш најславен и најмасовен спорт.