ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ракометарите се сплотија со кошаркарите во истиот проблем

Ракометарите се сплотија со кошаркарите во истиот проблем

сподели

Проблемот со ваучерите ги засега и ракометните клубови од пониските рангови, исто како и кошаркарските, кои како што велат се доведени на работ на егзистенцијата и најавуваат дека едноставно нема да играат додека не добијат помош од државата, од колачот на даночното олеснување кој им беше поделен на екипите од највисоките рангови:

„Бевме изоставени од целокупната процедура што ни беше ветувана уште од месец февруари. Во изминатите денови, за жал бевме сведоци и на една политичка сапуница, каде се искористи спортот како алатка за пазарење. Апелираме до политчките партии дека е време да седнат и да ги средат состојбите во спортот.

Сите сме на работ на егзистенција и веќе од утре нема да бидеме во можност да играме во Првата лига, а ќе ги бојкотираме и сите натпревари во младинските категории. Се надеваме дека тие нема да го скршат сонот на илјадници дечиња кои играат ракомет и дека ќе престанат со меѓусебните игри.“ – изјави Дарко Петровски, од РК Аеродром.