ПОЧЕТНА ЕВРОПА РАЈКОВИЌ: Ова ќе биде многу поразлична сезона!

РАЈКОВИЌ: Ова ќе биде многу поразлична сезона!

сподели
фото: PBC Astana

Македонскиот стратег ја доживува досега најплодната фаза од неговата кариера, со титулите (првенство, куп) освоени со Астана во Казахстан и со индивидуалното признание „Тренер на годината“ во ВТБ лигата.

Емил Рајковиќ, за basketball.mk ја најавува годината што е пред него и неговите соработници:

„Kлубот одлучи примарна цел да ни биде работа на развој на казакстанските играчи, затоа резултатите ќе бидат малку поразлични од минатата. Ангажиравме и млади странци кои ќе го дополнат ростерот, кои немаат некое сериозно искусктво. Секоја остварена победа, сезонава, во ВТБ лигата ќе биде успех за клубот.

На стручниот штаб е оставено да работи максимално на развојот на играчите, меѓу другото во тој дел се и голем дел од работните обврски и на нашиот нов тренер Борче Даскаловски кој посветено работи секојдневно и се вклопува одлично во насиот тим со Сашо Тодоровски и Марко Величковиќ.“