ПОЧЕТНА Некатегоризирана Раѓа и Ракочевиќ, еден до друг

Раѓа и Ракочевиќ, еден до друг

сподели
FIBA

Потпретседателот на српската куќа на кошарката и претседателот на стручниот совет на хрватската, седеа еден до друг на натпреварот меѓу нивните две селекции.

Србите ги победија Хрватите (99:81) во битката за седмото место, што секако не е задоволувачки пласман за двете споменати кошаркарски ѕвезди од минатото.

Сепак, оваа фотографија го илустрира спортот како единственото нешто што не познава граници во современиот живот на луѓето и што не обединува сите, без разлика на ривалствата и историските досиеја.