ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Радуловиќ си замина од Вардар, се сели во МЗТ!?

Радуловиќ си замина од Вардар, се сели во МЗТ!?

сподели

Освојувачот на една шампионски и две Куп титули во маедонската кошарка, по 2,5 години си заминува од тренерската позиција во Вардар.

Информацијата ја објави клубот кој најдоцна до вторник треба да го објави името на наследникот на Дарко Радуловиќ, поранешен селектор на младинските селекции на Македонија. Тој беше предводник на Вардар од декември 2017 година кога на функцијата го наследи Ѓорѓи Кочов, актуелен тренер на МЗТ Скопје кој тогаш замина во Аеродром како помошник на Жељко Лукајиќ.

Basketball.mk неофицијално дознава дека и Радуловиќ ќе тргне по стапките на Кочов. Претстојната недела тој треба да биде промовиран како нов член на стручниот штаб на МЗТ Скопје каде ќе работи на анализата на одбранбениот дел на својата и на противничките екипи, но и индивидуално со кошаркарите од првиот тим.

Радуловиќ и Кочов заедно играа во Вардар, таму ги завршија играчките кариери, а Радуловиќ извесен период му беше и помошник на Кочов. Со нив во МЗТ Скопје ќе биде уште еден поранешен член на стручниот штаб на Вардар – Никола Велев кој го подготвува скаутингот.