ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА РАДУЛОВИЌ: Добро е сега да се појават слабостите за да ги отстраниме

РАДУЛОВИЌ: Добро е сега да се појават слабостите за да ги отстраниме

сподели

Младинската репрезентација на Македонија одигра двомеч со Унгарија на кој оствари по една победа и пораз.

Триумфот беше остварен со кош во последната секунда, додека вториот меч го загубивме нешто поубедливо. Селекторот Дарко Радуловиќ не е многу загрижен поради тоа бидејќи репрезентацијата е во фаза на подготовки и резултатите сега се во втор план.

„Особено не се грижевме за исходот на вториот меч бидејќи пробувавме различни тактички и играчки комбинации. Сега имаме појасна слика што функционира, а што не и тоа е важно бидејќи се ближи настапот на Европското првенство.

Имаше мал пад на концентрацијата кај играчите, ама и тоа е добро да се доживее во оваа фаза за да не дозволиме да се повтори на првенството“, изјави Радуловиќ за basketball.mk.

Место дома, младинската репрезентација од Унгарија замина за Бугарија каде исто така ќе одигра два контролни натпревара. Враќањето во Скопје е планирано за 3-ти јули по што следуваат финалните подготовки за Европското првенство Б-дивизија што од 12 до 21 јули ќе одржи во Португалија.