ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Работнички со девет животи!

Работнички со девет животи!

сподели
Минатото коло беше Мијатовиќ, сега Бенџамин го спаси вицешампионот

За неполна недела најтрофејниот македонски кошаркарски клуб вторпат се спаси од пораз и се уште е непоразен во домашното првенство. Во претходното коло постигна кош со звукот на сирената, а сега го победи Куманово иако беше „печен“ да загуби.

На гости кај Куманово победи со 70:72 и преживеа еден куп проблеми со кои се соочи. Пред се, го преживеа Хејден Лесколт кој го одигра најлошиот натпревар откако му се приклучи на тимот (1/15 од игра). Од друга страна Мираковски го имаше Двејн Бенџамин кој постигна 31 поен, 9 скока и 5 асистенции и Љубомир Младеновски со дабл-дабл од по 11 поени и скокови.