ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Работнички се засили и со четворка

Работнички се засили и со четворка

сподели

Еден ден по потписот на договорот со Хејден Лесколт, најтрофејниот македонски клуб се засили со уште еден кошаркар.

Нов член на вицешампионот е Теодор Атанасов, Србин со македонски пасош кој во првенството ќе настапува како домашен играч, слично како Стефан Младеновиќ кој летово го продолжи договорот со Работнички.

Атанасов доаѓа во Градски парк од Шпанија, а до минатата зима бил играч на Војводина каде просечно постигнувал по 10,4 поени и 4,3 скока по натпревар во рамките на српското првенство.

Висок е 206 сантиметри, игра на позицијата 4, со опција да ја пополни и „петката“.