ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Работнички прифатил да игра АБА 2!

Работнички прифатил да игра АБА 2!

сподели

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив првпат во својата историја ќе учествува во некоја од АБА лигите.

И покрај шпекулациите од Србија дека Работнички ја одбил понудата за настап во втората дивизија од регионалното натпреварување, од клубот стигна потврда таа, всушност, е прифатена.

„Одговоривме потврдно на поканата и сега чекаме документи за регистрација, според дописот што ни го испратија“, откри за basketball.mk, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Македонија доби две места за учество во АБА 2 за претстојната сезона. Другото е за МЗТ Скопје, но ако тимот од Аеродром административно влезе во повисок ранг, тогаш неговото место може да го пополни друг клуб од Македонија, најверојатно Гостивар.