ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: Работнички-Орка (1998)

(ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: Работнички-Орка (1998)

сподели

Ситуацијата со корона вирусот не принуди да останеме во своите домови, во очекување да се среди состојбата.

Времето не мора напразно да се троши, може да се искористи и за учење кошарка или гледање на некои натпревари од веќе подалечното минато. Поточно, од времето кога во Македонија беа полни салите на кошаркарските натпревари, без разлика дали станува за дуели од домашното првенство или европските купови.

Ова е натпреварот меѓу Работнички и Орка од финалето на Купот на Македонија во 1998 година, одигран во Кавадарци. Домаќинот имаше и двоцифрена предност во второто полувреме (тогаш се играше на две полувремиња, а не на четири четвртини), но Работнички, предводен од Горан Димитријевиќ, кој постигна четири тројки, направи пресврт и по продолжение дојде до првиот трофеј во Купот по пауза од четири години.

Интересно е тоа што таа сезона тимот од Градски парк дојде до двојната круна, а во двете натпреварувања беше во загубена позиција. Во финалето од Купот надополни голема негатива, а потоа, во петтиот меч од финалето во плеј-офот, против МЗТ Скопје се спаси од нокаут, со промашените слободни фрлања на Врбица Стефанов.

Орка, иако засилена со македонски репрезентативци и квалитетни странски кошаркари, како и со Заре Марковски на клупата, таа сезона не освои ниеден трофеј.