ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Работнички одамна немал ваков плејмејкер

(ВИДЕО) Работнички одамна немал ваков плејмејкер

сподели

Хејден Лесколт ќе ја организира играта на вицешампионот во новата сезона, а ако тоа го прави како во својот поранешен клуб Оберварт, ќе гледаме возбудлива кошарка.

Да не се навредат сите плејмејкери на Работнички последните години, сите тие биле екстра квалитетни, но Американецот кој во Скопје треба да дојде на 1 септември носи еден нов елемент, нетипичен за неговите колеги.

Лесколт е плејмејкер од 196 сантиметри, тоа веројатно ќе му даде предност во однос на противниците, а техниката, брзината и прегледноста што ги поседува ветуваат интересни натпревари на Работнички. Може да игра и на позицијата 2.