ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: Работнички-МЗТ Скопје (2011)

(ВИДЕО) Додека седите дома, уживајте во ретро кошарка: Работнички-МЗТ Скопје (2011)

сподели

Ситуацијата со корона вирусот не принуди да останеме во своите домови, во очекување да се среди состојбата.

Времето не мора напразно да се троши, може да се искористи и за учење кошарка или гледање на некои натпревари од веќе подалечното минато. Поточно, од времето кога во Македонија беа полни салите на кошаркарските натпревари.

Ова е финалниот натпревар од Купот на Македонија во 2011 година што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“, меѓу вечните ривали Работнички и МЗТ Скопје. Победи тимот од Градски парк за својот осми трофеј во ова натпреварување.

Со тоа го прекина петгодишниот пост во Купот, а на МЗТ му го нанесе третиот пораз во финалните пресметки. Мечот за трофејот беше интересен и неизвесен, но далеку од полуфиналната пресметка меѓу Работнички и Фени во кој скопскиот клуб надополни негатива од 15 поени разлика во второто и по продолжение го совлада тогашниот шампион.

Во редовите на МЗТ Скопје играше легендарниот македонски кошаркар Петар Наумоски кој таа сезона официјално стави крај на кариерата. Сепак, мечот го одбележа Перо Блажевски кој на 38-годишна возраст им одржа лекција на противничките кошаркари.