ПОЧЕТНА ЕВРОПА Пукна бомбата: Панатинаикос ја напушта Евролигата!

Пукна бомбата: Панатинаикос ја напушта Евролигата!

сподели
twitter

Најтрофејниот грчки кошаркарски клуб официјално го напушта натпреварувањето на УЛЕБ, нешто што претходните недели беше најавувано од сопственикот Димитрис Јанакопулос.

Панатинаикос испрати писмо до првиот човек на Евролига, Жорди Бертомеу во кое бара да биде раскинат договорот за соработка.

„Како што ви е познато, последните два месеца Панатинаикос комуницира со вас, изразувајќи ја дискретно, но јасно, својата волја да го раскине загарантираниот договор со Евролига. баравме ова важно прашање што побрзо да се постави пред надлежните тела.

Но, ваквиот одговор дека таквиот развој на настаните значително ќе им наштети на преговорите на Евролига со нејзините спонзори, како и на самиот производ, резултираше да ја разгледаме вашата загриженост и да се однесуваме најпримерно. Не испративме официјално соопштение, ниту се обидовме да извршиме каков било притисок, почитувајќи ги околностите.

Меѓутоа, времето одамна помина, а ние уште не добивме никаков одговор на нашето разумно и легитимно барање. Како резултат на тоа, со оглед на фактот дека присуството на нашиот тим во Евролигата не е нималку корисно за нас, додека истовремено немаше ни зголемување на приходите од Евролигата, Панатинаикос ја потврдува својата намера и официјално да ја пренесе својата дозвола за учество, како и акциите.

Бараме од надлежните тела на Евролигата да ги преземе сите потребни чекори по тоа прашање“, пишува во писмото од атинскиот клуб.

Панатинаикос е шесткратен европски првак и тим до 38 трофеи во домашниот шампионат. Со неговото излегува од Евролигата, ќе се направи дупка бидејќи че останат 17 учестници во неа. Дали местото ќе го пополни друга екипа, ќе се знае наскоро.