ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ВИДЕО) Првото засилување на Мурињо – Шарунас Јасикевичиус!

(ВИДЕО) Првото засилување на Мурињо – Шарунас Јасикевичиус!

сподели

Жалгирис минува низ резултатска криза, доживеа пораз од Црвена Звезда во Евролигата, но тренерот на литванската кошаркарска гордост и натаму е максимално расположен.

Го покажа тоа и на натпреварот против „црвено-белите“ на кој ги покажа своите фудбалски квалитети. Тоа не остана незабележано ни од администраторот на Твитер профилот на Евролигата кој го повика Жозе Мурињо да го погледне потегот на Јасикевичиус. Можеби Шарас на „стари“ години ќе го смени спортот…