ПОЧЕТНА ЕВРОПА Првото засилување на Јасикевичиус – Јан Весели!?

Првото засилување на Јасикевичиус – Јан Весели!?

сподели
фото: euroleague.net

Можеби последната сезона не беше во посакуваната форма, како и најголемиот дел од играчите на Фенербахче, но чешкиот репрезентативец и натаму е еден од најдобрите центри во Европа.

Затоа не е чудо што новиот тренер на Барселона, Шарунас Јасикевичиус го посочил како прва желба при реконструкцијата на тимот. Веста ја објави каталонскиот весник, Ел Мундо Депортиво, обично добро информиран за она што се случува во Барса. Јан Весели треба да биде замена за Анте Томиќ кој по осум години ја напушти Блауграна.

Но, желбата на Шарас не значи дека Весели сигурно ќе се преели во Каталонија. Тој договор со Фенербахче до 2022 година, а новиот тренер на Фенербахче, Игор Кокошков сериозно смета на него. Минатата сезона во Евролигата, Чехот имаше просек од 8,6 поени и 4,2 скока по натпревар, а во 2019 година беше прогласен за МВП во елитното натпреварување.