ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Првотимец на МЗТ Скопје заминува во САД!

Првотимец на МЗТ Скопје заминува во САД!

сподели

Во недостиг на доволен број домашни кошаркари, тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов сезонава им даде шанса на неколкумина млади играчи, од школата на клубот.

Меѓу нив и Никола Василевски кој беше на клупата за резервни играчи и на дербито против Работнички, а блесна во дуелот со Еуроникел кога за две минути постигна четири поени, вклучувајќи и тројка. Членот на М16 репрезентацијата која учествуваше на Европското првенство во Удине по се изгледа нема да остане уште долго во македонската кошарка бидејќи има други планови кои во моментов зависат од пандемијата со корона вирусот.

„Оваа пролет добив целосна стипендија за продолжување на образовната и кошаркарската кариера во приватното средно училиште Сент Џое во Њу Џерси. Се надевам на отварање на границите, со самото тоа и аеродромите, на светско ниво, како би заминал во Америка. Ако тоа не се случи, КК МЗТ Аеродром е мојот дом“, откри Василевски.

Во средни училишта и колеџи во САД веќе играат неколку младински македонски репрезентативци што е одлично за нашата кошарка.