ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Прво засилување за МЗТ Скопје!

Прво засилување за МЗТ Скопје!

сподели
фото: МЗТ Скопје Аеродром

Заедно со потврдата на Дарко Радуловиќ како помошник на Ѓорѓи Кочов, седумкратниот македонски шампион го објави продолжувањето на договорот со Андреј Маслинко и трансферот на Филип Бакоч кој е прво летно засилување за аеродромци во пресрет на новата сезона.

Новиот македонски репрезентативец, кој се најде на поширокиот список на селекторот Александар Тодоров, последната сезона ја помина во Еуро Никел, а претходно играше и за АВ Охрид и Карпош Соколи со кои забележа настапи во меѓународни натпреварувања. Тој е и поранешен член на младинските селекции на Македонија, учествуваше и на Европското првенство Б-дивизија во Грција во 2016 година

Со Бакоч, МЗТ Скопје сега има петмина кошаркари за следната сезона, сите домашни: Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Дамјан Стојановски и Андреј Маслинко. Последните четворица беа во Аеродром и минатата натпреварувачка кампања, а сите петмина се македонски репрезентативци.