ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА (ВИДЕО) Прво сопругата и децата, потоа Џинобили…

(ВИДЕО) Прво сопругата и децата, потоа Џинобили…

сподели

Луис Скола е апсолутен херој на аргентинската нација на Светското првенство што се одржува во Кина.

Ветеранот кој ги живее последните месеци од четвртата деценија ја однесе својата репрезентација во првото финале по пауза од 17 години, а таа на целиот шампионат не доживеа ниеден пораз.

По завршувањето на полуфиналниот меч со Франција во која Скола постигна 28 поени, први му честитаа четирите деца и сопругата, а потоа легендата на аргентинската кошарка Емануел Џинобили.

Со сите нив го прослави можеби најголемиот успех во кариерата иако, со многу посилна репрезентација, има златен медал од Олимписките игри во Атина пред 15 години.