ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Прво индивидуално признание за Лесколт

Прво индивидуално признание за Лесколт

сподели

basketball.mk во Крајова

Американецот во редовите на Работнички треба да биде носител на играта на нашиот вицешампион во новата сезона и тој не бега од таа одговорност.

Турнирот во Крајова покажа дека Хејден Лесколт не е само за домашна употреба, туку има квалитети и за многу повисоки дострели.

Плејмејкерот е најдобар стрелец на турнирот во Крајова. На двата натпревара постигна вкупно 53 поени – 28 против домаќинот и 25 против Динамо Букурешт. Останатите кошаркари од четири екипи учеснички останаа далеку зад него.