ПОЧЕТНА СП 2019 Првиот стрелец на Мундобаскетот е од – Јордан!

Првиот стрелец на Мундобаскетот е од – Јордан!

сподели
FIBA

Наспроти силните репрезентации и големите ѕвезди кои учествуваат на Светското првенство во Кина, најефикасен во првото коло постигна Ахмет Дувериоглу или Ахмад Ал-Дваири како што е заведен во ФИБА.

Кошаркарот на Фенербахче и член на јорданската репрезентација на Доминиканска Република и даде 34 поени, но и тие не беа доволно за победа која ќе и ги отвореше на оваа репрезентација вратите кон вториот круг.

Дувериоглу не е непознат на европската, па и на светската кошаркарска јавност и покрај тоа што е член на селекцијата на Јордан. Тој е играч на Фенербахче последните три години, има турско и јорданско државјанство, а одлучи да игра за земјата од каде е неговиот татко. Мајка му е Турчинка.

Изненадувања се и вториот и третиот стрелец на првенството. На втората позиција е Давид Уертас од Порторико со 32, а на третото место Гуна Ра од Кореја со 31 поен.

Дури потоа следуваат Еван Фурние од Франција, Јоханес Фојтман од Германија и Богдан Богдановиќ од Србија.