ПОЧЕТНА ЕВРОПА Првиот резултат му се погоди на Реал

Првиот резултат му се погоди на Реал

сподели

Последниот ден од групната фаза во шпанското првенство одлучува кои две екипи ќе се пласираат во полуфиналето каде веќе чекаат Барселона и Басконија.

За разлика од групата А, во групата Б е многу подраматично бидејќи пред почетокот на петтото коло, пет екипи имаа шанси да влезат во нокаут фазата. Андора е првата што испадна затоа што загуби со 86:88 во директниот дуел со Бургос и остана на четирите бода освоени против Сарагоса и Реал.

На „кралскиот клуб“ му одговара ваквиот епилог бидејќи од Андора загуби со 16 разлика и во евентуалниот круг со три или четири екипи најверојатно ќе беше губитник. Од Бургос загуби со само четири бода.

Сепак, најголемата услуга на Реал треба да му ја направи Гран Канарија кој од 18:30 игра со домаќинот на турнирот Валенсија. Евентуален триумф на екипата од Канарските острови ќе направи драма затоа што, со победа на Реал против Сарагоса, четири екипи ќе имаат по шест бода и ќе одлучуваат меѓусебните дуели.

Ако Валенсија победи, тогаш се ќе биде јасно пред одигрувањето на последниот натпревар: во полуфиналето ќе се пласираат домаќинот и Бургос со тоа што Валенсија ќе игра против Басконија, а Барселона против најголемото изненадување.