ПОЧЕТНА НБА Првиот пик на драфтот ќе има бурна ноќ – неколку часа пред...

Првиот пик на драфтот ќе има бурна ноќ – неколку часа пред настанот, го тужат за 100 милиони?

сподели
Bein Sports

Непосредно пред стартот на најочекуваниот летен настан во НБА лигата, играчот на кој што му се предвидува дека ќе биде избран на највисоката позиција, се соочува со тужба од маркетинг компанијата со која што го раскина договорот.

Според Асошиејтед прес, Зајон Вилијамсон кој што пред извесно време потпиша договор со нова, добил тужба од претходната маркетинг агенција со која што соработувал, затоа што го прекинал договорот по само еден месец, наместо договорените 5 години.

Во најновата тужба, се прозива и новата маркетинг агенција на играчот, од страна на старата. Претходно, пак, Зајон Вилијамсон (18) ја тужел првата маркетинг агенција за договорот, што бил нелегален во Северна Каролина каде што тој е роден и каде што е резидент.