ПОЧЕТНА СВЕТ Првиот пик долго нема да игра ќе загуби преку 2 мил. долари...

Првиот пик долго нема да игра ќе загуби преку 2 мил. долари поради недозволени супстанци

сподели
Phoenix Suns

Кога Феникс го избра и го потроши џокерот во 2018-та година, очекуваше да доведе засилување за високи дострели и враќање на славните патеки. Наместо сензација на паркетот, ДеАндре Ајтон станува пример каков што не треба да биде, за вљубениците во портокаловата магија.

Центарот на Санс ќе паузира на 25 натпревари, со казна 2.17 милиони долари, поради користење на недозволени супстанци (диуретик), соопшти канцеларијата на НБА лигата. Асоцијацијата на НБА играчите веднаш ќе поднесе жалба и очекува оваа казна да биде намалена.

Диуретиците се забранети за употреба во НБА затоа што ги маскираат резултатите за употреба на дрога. Наодот не покажал траги од останати забранети супстанци. Тајмингот е лош за Феникс, по 18-те поени со 11 скока и 4 блокади на Ајтон, во победата против Кингс (124:95).