ПОЧЕТНА СП 2019 Првата селекција што обезбеди пласман на ЛОИ 2020

Првата селекција што обезбеди пласман на ЛОИ 2020

сподели
FIBA

Со одличниот настап во досегашниот тек на светското првенство што се игра во Кина, заслужија да се најдат меѓу величенствените 12 репрезентации, кои ќе се борат за најпосакуваниот трофеј во кошарката.

Австралија има убедливи 4/0, со што само го потврди играчки обезбеденото место на завршниот турнир во Токио наредната година, по победата на Грција против Нов Зеланд, со што Австралијците се најдобро пласирани на ова СП од Океанија.

Место обезбеди и Јапонија, како домаќин на ЛОИ, а виза ќе добијат и првите две земји од Европа и Америка, како и најдобропласираните од Африка и од Азија. Останатите 4 места ќе се добиваат на квалификациски турнири.