ПОЧЕТНА Некатегоризирана Првата лига со 12 екипи, останува и Шкупи

Првата лига со 12 екипи, останува и Шкупи

сподели
фото: КФСМ

Откако минатата сезона имаше непарен број, елитната дивизија од македонската кошарка во новата повторно ќе брои 12 члена.

Иако требаше да испадне бидејќи го освои последното место, Шкупи останува во Првата лига. Раководството на КФСМ најави дека покана ќе добијат Ангели и Карпош Соколи, но од чаирскиот клуб за basketball.mk изјавија дека веќе го потврдиле своето учество.

Во однос на минатата сезона ќе ја нема Блокотехна која повеќе не постои, а во Првата лига влегуваат вториот тим на МЗТ Скопје и ФМП Академија.

На состанокот меѓу челниците на КФСМ и претставници на прволигашите беше отворено прашањето за долговите кои изнесуваат околу 70 илјади евра. Побарано е тиа да се плаќаат на рати, исто како и котизацијата за новата сезона која изнесува 10 илјади евра.

Ова беше само консултативен состанок, конечните одлуки ќе бидат донесени во текот на идната недела.