ПОЧЕТНА СП 2019 Првата драма на Мундобаскетот

Првата драма на Мундобаскетот

сподели
FIBA

Порторико е хит на премиерниот ден од Светското првенство што се одржува во Кина. Репрезентацијата од Централна Америка го совлада Иран со 83:81 благодарение на големиот пресврт во последната четвртина.

По 20 минути игра азијците водеа со 49:31, на крајот од третиот период беше 65:51, а сепак Порторико се радуваше на победата. Целиот тим е заслужен за тоа, но клучните две тројки ги постигна Хуертас за водство на својата селекција од 81:78.

Иранците не се предадоа, на четири секунди пред крајот преку Хадади израмнија на 81:81, но иако се чинеше дека ќе има продолжение, Мохика во последниот напад постигна кош за триумф на својата селекција.

Хуертас постигна 32 поена, пет од седумте тројки на порториканската репрезентација и веројатно ќе биде еден од најкорисните играчи во првото коло од Мундобаскетот. Кај Иран, кој пропушти да стартува со победа и да ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето, Хадади и Јахчалидехорди постигнаа по 22 поена.