ПОЧЕТНА Некатегоризирана Првата бомба во Лејкерс: Ентони Дејвис за тројца играчи и три пика

Првата бомба во Лејкерс: Ентони Дејвис за тројца играчи и три пика

сподели
The Bird Writes

Втората најтрофејна франшиза во НБА лигата тргна кон создавање на тим кој идната сезона ќе се бори за титулата.

Познатиот американски новинар Адријан Војнаровски објави дека е договорена една од најспектакуларните трампи последните години, а во кои е вклучен Ентони Дејвис.

„Пеликанс се согласија да го разменат Ентони Дејвис во Лејкерс за Лонѕо Бол, Брендон Инграм, Џош Инграм и три пика во првата рунда од драфтот, вклучувајќи го четвртиот оваа година“, напишан Војнаровски на Твитер.

Од двете франшизи уште нема официјална потврда на овие информации, но кога новинарот на ЕСПН ќе објави нешто, тоа најчесто се остварува. Дејвис е првата мега-ѕвезда која доаѓа во Лејкерс, во текот на летото се очекуваат уште неколку.