ПОЧЕТНА НБА ПРОМЕНА НА ФИЗИКАТА: Казинс во Лејкерс

ПРОМЕНА НА ФИЗИКАТА: Казинс во Лејкерс

сподели
twitter

Агентот на играчот открил дека е потпишан едногодишен договор. Освен центарот, се враќа и плејмејкерот Ражон Рондо со двегодишен договор, јавува ЕСПН.

ДеМаркус Казинс имаше плата над 5 милиони долари минатата сезона, а следната ќе заработи нешто над 2 милиона. За Рондо нема финансиски детали.

AP Photo/Elise Amendola

Казинс минатата натпреварувачка година одигра 30 натпревари со просек над 16 поени и над 8 скока по натпревар.

Претходно паузираше една година поради повреда на ахиловата тетива. За Рондо, следната ќе биде 14-та НБА сезона, има титула со Бостон од 2008-та против Лејкерс.