ПОЧЕТНА ЕВРОПА Проблемот на Каталонците се провлекува и во Евролига, за нивна среќа Ефес...

Проблемот на Каталонците се провлекува и во Евролига, за нивна среќа Ефес играше бетер

сподели
euroleague.net

На полувремето од меѓусебниот дуел во првото коло, Барселона водеше со 26:37, но имаше помрачување во втората половина од третата четвртина. Повеќе од пет минути не успеа да постигне кош, Анадолу Ефес направи серија од 9:0 и се доближи на само -3 (46:49), но немаше конкретен концепт за пресврт.

Турскиот тим упати 39 шута за три поени, а погоди само 10. Неуиграноста на составот од Блауграна се забележува на стартот и на елитната лига како што беше тоа во Шпанија, а турскиот шампион ќе има големи главоболки ако планира да ја базира играта на стерилни проектили.