ПОЧЕТНА Некатегоризирана ПРОБЛЕМ ЗА ПРВИОТ ПИК: Кога заигра, кога се повреди

ПРОБЛЕМ ЗА ПРВИОТ ПИК: Кога заигра, кога се повреди

сподели
sbnation

Зајон Вилијамсон веќе нема да настапува на натпреварите од летната НБА лига што се одржува во Лас Вегас.

Првиот пик на драфтот имал оток на левото колено, на натпреварот на Пеликанс против Никс што беше прекинат на средината на последниот период, поради земјотрес.

Вилијамсон воопшто не играл во второто полувреме поради удар колено во колено, а од неговата екипа соопштија дека тој ќе остане во тренажен процес со тренерите за тактика и за кондиционирање на тимот од Њу Орлеанс.