ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Приморска се распаѓа, МЗТ во АБА

Приморска се распаѓа, МЗТ во АБА

сподели
фото: Sixt Primorska, Jurij Kordun

За аеродромци ова ќе биде враќање во елитата по двегодишно играње во АБА2, каде што прво стигнаа до баражот против Задар каде што несреќно загубија.

Потоа прекинот поради пандемијата со коронавирусот не им дозволи да го одиграат плеј-офот, во кој влегоа од третата позиција.

Составот од „Јане Сандански“ прво ја доби улогата на резерва, по промоцијата на Борац Чачак и Сплит, а сега и ќе биде промовиран во АБА-лигаш.

Неофицијално, нова ждрепка нема да биде извршена, туку МЗТ Скопје само ќе го презеде местото на словенечкиот тим, што значи дека првиот меч по враќањето во елитата за скопскиот тим ќе биде против ФМП.

Сезоната треба да почне на 1 октомври, а дали ќе биде според класичен систем и според турнирски принцип ќе се дознае наскоро.

(преземено од sport1.mk)